18 здрави навики за поздрава 2019

Повеќе од 40 % од работите кои ги правиме произлегуваат од нашите навики. За жал, голем дел од нашите навики се нездрави и лоши за нас. Но, навиките не се менливи. Иако е потребно одредено време за да се сменат и воспостават, сепак тоа не е невозможно.

Ова се 18 здрави навики кои ќе ви ја направат 2019 поубава.

Јадете домашно приготвени јадења – јадењето преработена и мрсна храна е една од најлошите навики во однос на нашата исхрана, но и здравје. Затоа, подгответе ги оброците дома или побарајте помош од вашата мајка.

Пијте смути секој ден – ова е навика која ќе ви помогне да конзумирате повеќе овошје и зеленчук. Направете здраво смути за почеток на денот или по вежбањето.

Носете вода со себе каде и да одите – водата е најважен дел од хидратацијата и таа му помага на нашето тело да се ослободите од токсините кои се таложат. Користете поголемо шише и имајте го секогаш до себе.

Не заборавајте на целозрнестата храна и протеините – заборавете на белиот леб и јадете црн леб со цели зрна.
Конзумирајте јаткасти плодови – тие помагаат во одржување на бистар ум и се многу корисен додаток во исхраната.

Пијте чај – многу истражувања ги потврдуваат здравствените бенефити од чаевите. Пијте 1-2 шолји во текот на денот. Нека биде тоа чај по ваш избор, некој кој највеќе ви одговара.

Вежбајте – не мора да се оптеретувате премногу ако немате многу време. Најдете барем 20 минути во денот за да се истегнете.

Планирајте што ќе јадете секој ден – оваа навика ќе ви помогне да престанете да јадете на брзање и подобро да ги планирате своите оброци.

Одберете физичка активност која ви одговара – најдете нешто што не ве тера да го мразите одењето на вежбање, туку напротив нешто што навистина ќе ви помогне едвај да почнете со вежбање.

Не јадете кога сте нервозни – јадењето брза и слатка храна кога сме нервозни и под стрес е една од најлошите навики кои ги развиваме во брзите и стресни денови. Обидете се да се раздвижите или да правите нешто друго што ќе ве одалечи од проблемите.

Смејте се почесто – понекогаш доаѓаат и лоши денови, но самосожалувањето и постојаната грижа за проблемите кои ни се случуваат или кои можат да се случат нема да ве однесе никаде. Наместо тоа, развијте позитивен став и смејте се почесто.

Истегнувајте се – најдете неколку минути во текот на денот за да се растегнете. Тоа ќе ги намали болките во кичмата и грбот кои се предизвикани од долгото седење.

Вежбајте во друштво – вежбањето во друштво е забавно и помага да останете на целта и да останете мотивирани. Договорете се со некој од пријателите наместо на пијачка, да одите на вежбање.

Направете мала пауза на секој час – тргнете се од компјутерот, раздвижете се и растегнете се. Тоа ќе ви помогне да се релаксирате и физички и умствено. Умот и телото ќе ви бидат благодарни.

Одете пешки или со велосипед на работа, барем еднаш неделно –потрудете се раздвижувањето да почне наутро, пред да одите на работа. Тоа ќе ви го подобри и расположението и ќе ве расони наутро.

Паркирајте се подалеку – не мора да се паркирате веднаш до зградата каде работите. Така, ќе се раздвижите малку пред и после работа.

Чистете дома сами – иако брзиот живот често прави, чистењето да го оставиме на други кои ќе го направат тоа подобро од нас, сепак тоа е убаво раздвижување за време на викенд. Околу 225 калории можат да бидат согорени за еден час чистење во домот.

Пола вечера нека ви биде со зеленчук – ова е совет од нутриционистите. Наместо да јадете мрсна и брза храна, внесете зеленчук во вечерата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.