На 16.05.2023 во 15.12 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Караорман“ во Битола, Б.Ќ.(18) од Битола, управувајќи мотоцикл „хонда“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.
Во несреќата, Б.Ќ. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.
Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.