На 04.10.2025 на ул. „8 Септември” во Битола, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Битола го лишија од слобода А.Џ.(18) од Битола. При радарска контрола констатирано е дека А.Џ. управувал патничко моторно возило „бмв“, со битолски регистарски ознаки, со брзина од 101 километри на час, на место каде максимално дозволена брзина е 50 километри на час.
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.