-На 26.07 2025 во 12.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на излезот од Прилеп, патничко возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 18-годишната И.В. од Прилеп, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила И.В., констатирани во Опшата болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп – информираат од МВР.