17-годишниот Давид Ѓоргоќески од Ѓорче Петров сруши балкански рекорд во правење скелкови за еден час, тој успеа да направи неверојатни 2604 склека.
Имено Давид тренира бокс, а со ваквиот подвиг тој покаже дека во моментов е еден од најиздржливите луѓе на Балканот.
Рекордот во правење склекови го држеше Србин, а од денес е во рацете на Македонецот Давид Ѓоргоќески.
Давид во изјава за КУРИР, вели дека ова е само почеток, во иднина тој планира да го сруши гинисовиот рекорд во правење склекови, кој изнесува 2919 склека.
Погледнете го видеото: