17 медали за Џудо Клуб “Сеишин” од Прилеп на Државното првенство за млади сениори во Битола

На ден 29.09.2019 во Битола, во организација на Џудо Федерацијата на Македонија и техничка организација на Џудо Клубот Пелистер Битола, се одржа Државно Првенство за деца и млади сениори до 23 години. Џудо Клубот Сеишин Прилеп на овие првенства зеде учество со вкупно 20 натпреварувачи, а освоени се 17 медали (4 златни, 5 сребрени и 8 бронзени).

Резултати поединечно:

Одлични борби прикажаа и Антонио Талески, Бојан Мојсоски кај младите сениори до 23 г. во категорија -73 кг. и Англе Мошков кај децата во кат. -27 кг. но не успеаја да изборат место на пиедесталот.

Стручниот штаб на ЏК СЕИШИН-Прилеп е задоволен со остварениот учинок.

Наредните активности на клубот се oрганизација на 11-от Меѓународен турнир во џудо „Прилеп Град Херој-2011“ – “ЦЕВИТАНА КУП”, кој ќе се одржи на 06.10.2019 (недела), со почеток во 10 часот во спортската сала на СОУ “Р.Р.Ричко” Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.