17. маратон во чест на ТОШЕ! 13 маратонци од денеска ќе трчаат од Хрватска до вечното почивалиште во Крушево

Тринаесет маратонци од Македонија денеска тргнаа од Нова Градишка, Хрватска на пат кон Крушево, до вечното почивалиште на Тоше Проески во рамките на 17. ултра маратон што се одржува во негова чест.

Маратонците, како што соопшти организаторот Спомен дом Тодор Проески, вчера утрото пристигнаа во Загреб, во македонската православна црква „Света Злата Мегленска“, каде беше одржана литургија во чест на Тоше.

– Ќе трчаат низ цела Хрватска и Македонија. На граничниот премин Табановце се очекува да пристигнат на 15 октомври и да продолжат кон Скопје, а на плоштадот Македонија треба да пристигнат околу 18 часот. Вечерта ќе тргнат на пат за Крушево, каде треба да пристигнат околу пладне на 16 октомври, годишнината од загинувањето на Тоше Проески, соопшти организаторот Спомен дом Тодор Проески.

Маратоците, како што е наведнео, ќе бидат пречекани во Крушево, традиционално, со црвени рози и на Гумење, на вечното почивалиште ќе му оддадат почит на големиот музичар и хуманитарец, познатата македонска и балканска музичка ѕвезда која ги привлекува во Крушево фановите и почитувачите на неговото дело.

Тоше Проески загина во сообраќајната несреќа кај Нова Градишка, Хрватска на 16 октомври 2007 година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.