16-годишниот Христијан Бошевски прв стигна до светиот крст во Соборниот хран Св. Димитрија во Битола (ФОТО)

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление ден кога според христијанското предание, Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан.

Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден. Крштевањето, значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата.

По повод денешниот празник, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на положувањето на Светиот крст во осветените води на Соборниот храм „Св. Великомаченик Димитриј“, од каде испрати честитки до сите православни верници дека денес ја продолжуваме традицијата со силна верба во светлиот напредок на вистинските вредности, поттикнати од нашето меѓусебно почитување, соживот и заложба за напредок.

„Денешниот празничен ден, нека Ве исполни со многу здравје, љубов и среќа во Вашите семејства. Нека е за многу години Богојавление Водици. Бог се јави!“, порачува градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.

Годинава, светиот крст во рацете на 16 годишниот Христијан Бошевски кој го пронајде во осветените води во храмот „Св. Великомаченик Димитриј“ во Битола.

Претходно во храмот се одржа литургија со која чиноначалствуваше неговото преосвештенство Епископ Велички г. Никола во сослужение со свештенството, а беше присустен и градоначалникот на Битола.

Во духот на верата и традицијата, градоначалникот Коњановски ќе го награди Христијан Бошевски со парична награда и икона од Заштитникот на градот “Свети Нектариј Битолски”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.