15 луди нешта за нас Македонците низ очите на натурализиран Холаѓанец: Ќе се изненадите како точно не гледаат странците

Има нешто поразлично за нас Македонците, што не одделува од сите други народи. Не секогаш тоа се позитивни работи и нешта кои оставаат позитивен впечаток. Еве 15 нешта кои се навистина луди и во кои секој еден од нас ќе се пронајде, а ги пронашол и еден Холаѓанец кој живее во Македонија и кој сликовито ги објаснува преку својот блог на интернет.

Живеам тука скоро една ипол година, а ги познавам Македонците повеќе од 5 години, можам да кажам дека постојат неколку нешта кои ме зачудуваат. Всушност веќе ги научив овие нешта и повеќе не ме чудат. Па еве ги тие 15 нешта кои беа чудни за мене кога започнав да учам за Македонија и Македонците.

1.Македонците користат Ракија за се ! Тука мислам на пиење. Тоа е исто како вашиот нос да застане за миг, или како да ве каснал комарец со секоја голтка. Дури се користи за чистење на прозорците на автомобилите.

2. Македонците секогаш ќе прашаат -“колку пари кошта тоа”?. Имаш нов часовник? Ооо колку те чинеше? Нов автомобил? Колку чини? Се чини дека ова е многу важно прашање овде.

3. Главното прашање на денот е: Што има за ручек или вечера? Исто така тие сакаат постојано да зборуваат за храна.

4. Поради некоја причина речиси е нормално да се има теписи секаде, и тие доаѓаат во сите форми и големини. Дури и во кујната можете да најдете теписи.

5. Сите имаат прекар, кој дури и не звучи како нивното име. Но Македонците не се креативни кога се зборува за имињата. Најчестото име е Александар и Ана. Па да, мора да има прекари за во случај да не му се обратите на погрешниот Александар … J

6. Секогаш се жалат за тоа дека немаат доволно пари, но сите кафетерии се секогаш полни.

7. Промаја, е провев во куќата, според постарите генерации оваа појава може со сигурност да ве разболе, дури и да ве убие, па чувајте ги прозорците и вратите затворени.

8. Не разбираат кога ќе им речеш: “Полн сум”. Особено бабите во оваа земја, ќе ве наполнат со толку многу храна и не признаваат не за одговор.

9. Целосно се променуваат кога ќе влезат во автомобил. Македонците во глобала се многу љубезни луѓе, но возат како да сакаат за извршат самоубиство.

10. Тротоарите се користат за паркирање на автомобили наместо за пешачење. Дури и полукружното свртување и возење во рикверц на булеварите е возможно во Македонија.

11. Никогаш не послужуваат со торта на почетокот на роденденски забави. Овде тортата се служи последна и откако гостите ќе ја изедат си одат дома. Во Холандија тоа е обратно.

12. Кога Македонците ќе те поканат да им појдеш на гости, секогаш носи разни грицки, благи работи, дури и кога одиш кај твоите пријатели во домот. Тоа е како непишано правило на благодарност за нивното гостопримство.

13. Бирек со јогурт е најдобриот доручек според Македонците.

14. Не бидете изненадени кога ќе забележите дека постарата популација разбира Шпански јазик. Имаат изгледано толку многу ТВ серии, па го научиле јазикот. Во денешно време се чини дека сите гледаат Турски ТВ серии, кои се сериозно лошо синхронизирани.

15. Скоро 40% од македонската популација ги троши последните пари на обложување. Можете да пронајдете дури 800 обложувалници…. Што е навистина лудо за 2 милиони луѓе кои живеат тука!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.