15-годишно другарство кое прерасна во братски ортаклак: Даниел и Стефан од Прилеп го остварија својот сон и отворија модерен авто сервис (Фото галерија)

Велат дека соништата треба да се следат и да ве водат, треба да се борите за нив, да ја вложите целата енергија, труд, но и љубов. Само така целта ќе биде достижна, а задоволството огромно.

Сторијата во продолжение ја посветуваме на добрите стари вредности, другарството кое преку слога и заедничка посветеност, работа и поддршка преминува во братство.

Таква е врската помеѓу нашите млади прилепчани, Даниел Шапкоски и Стефан Цуцулоски, чија визија за заеднички раст и чекорење кон успехот започнала уште пред 15-години, уште како средношколци.

Тинејџери со раце полни масло, но и срце полно соништa, секојдневието го поминувале учејќи го занаетот, прво преку практична работа во училиште, а потоа и во приватни компании, каде што го изградија своето знаење, искуство и чувство за одговорност.

Во моментот кога почувствувале дека мајсторлукот им е усовршен, другарството им преминало во ортаклак и ја отвориле својата прва работилница. Повеќе години Даниел и Стефан градеа доверба меѓу своите прилепчани, но им доаѓаа и луѓе и од пошироко, кои им ги доверуваа своите миленици на четири тркала, па работилницата со тек на време работилницата им стана мала.

И конечно визијата за свој модерен бизнис им се исполни. Викендов Даниел и Стефан го отворија својот нов авто сервис, а присутните имаше што да видат. На голема површина во просториите на поранешна “Партизанка”, современо опремен, со нови машини и механизација, овие двајца млади прилепчани создадоа сервис, каде секое возило ќе добива третман како да е нивно.

Во авто сервис “СТЕФАН ДАНИЕЛ”, возачите ќе можат да добијат секакви услуги и поправки од:

-Авто механика
-Авто електроника
-Центрирање на преден и заден трап со најсовремена апаратура
-Компјутерска дијагностика
-Полнење клими на возила, и.т.н.

Имавме чест да присуствуваме на отварањето и преку фотографии да ви го пренесеме овој среќен момент за Даниел и Стефан, но и за нивните семејства, пријатели, пријатели, роднини и соработници.

Нивниот сон стана јаве, па нам ни останува да им посакаме успешна работа, многу задоволни клиенти и понатамошен раст.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.