Денеска јавноста одново ќе ја запознаеме дали постои уште една злоупотреба на парите на граѓаните? Директорот на Водовод и канализација, Емил Јанески, на 08.07.2019 година склучил договор со фирма за одржување на фонтаните во Прилеп во вредност од 939.139 денари, во траење од 1 година – изјави на денешната прес конференција Александра Сваќароска, кандидат за пратеник во четвртата изборна единица.
Прес конференцијата во целост ја пренесуваме во продолжение:
“Со овој договор Јанески и ЈКП Водовод и канализација се обврзале дека ќе исплатат близу 15.000 евра пари на граѓаните за фонтаните во градот да бидат функцонални, чисти и уредни.
Со оглед на тоа дека ниту една од фонтаните во Прилеп во моментов не е во функција, а истите изгледаат запустени и руинирани, прашуваме:
Дали и колку од оваа предвидена сума Водовод има исплатено?
Кога Јанески планира да ги стави во функција фонтаните кои се украс на Прилеп, а се изградени од претходната локална власт?
Дали можеби планираат и останатите фонтани да ги затрупаат со земја и да ги направат тревници, како оние на улицата “Димо Наредникот”?
Се надеваме дека Јанески нема да молчи како градоначалникот Јованоски, кој веќе 1 недела не кажува ниту збор за милионските договори за зимско одржување на улиците.
Почитувани,
Неспособната власт на СДСМ во Прилеп од градот прави руина, а кризата со корона вирусот ја користат како изговор за нивното неработење.
Граѓаните гледаат дека овие луѓе не се способни да го одржуваат ниту она што се направило, а не пак да создадат нешто ново.
Кога веќе зборуваме за ЈКП Водовод, неминовно е да потсетиме и на најголемата лага на градоначалникот Илија Јованоски.
Прилеп благодарение на СДСМ, е град каде од минатата година граѓаните плаќаат за 60% повисоки сметки за вода, иако градоначалникот Јованоски ветуваше намалување за 20%.
Револтот на граѓаните од мегаломските лаги на СДСМ е огромен и тоа ќе се одрази со голем пораз на престојните парламентарни избори”.