1,5 милиони Индијци посадиле 66 милиони дрвца за само 12 часа: Во Македонија Влaдата го укина “Денот на дрвото” (Видео)

Централната индиска држава Мадја Прадеш постави нов Гинисов рекорд во неделата, откако 1,5 милиони волонтери посадиле повеќе од 66 милиони дрвца за само 12 часа покрај реката Нармада.

Претходниот рекорд бил поставен во државата Утар Прадеш, каде 800.000 учесници посадиле 50 милиони дрвца во 2016 година.

Првиот човек на Мадја Прадеш, Шиврај Синг Чохан, го пофалил остварувањето: “Премногу сум горд што можам да соопштам дека луѓето од Мадја Прадеш успешно засадија 6,63 милиони дрвца”.

Покрај туркање на претходниот рекорд, целта на акцијата била да се подигне свеста кај нацијата за обновување на природата, или како што се вели “да се направи Индија одново зелена”.

На Париската климатска конференција, Индија вети дека ќе ги зголеми површините со шуми на 95 милиони хектари до 2030 година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.