15-годишно девојче од Шведска ги посрамоти светските лидери: “Вие велите дека ги сакате вашите деца повеќе од се’, но, сепак им ја крадите иднината пред нивни очи”

Кога Грета Тунберг, 15-годишна активистка од Шведска, доби шанса да зборува на конференцијата за климатски промени во Катовице, таа рекла дека не дошла таму да моли.

15-ГОДИШНА ШВЕЃАНКА ГИ ПОСРАМОТИ СВЕТСКИТЕ ЛИДЕРИ:Вие велите дека ги сакате вашите деца повеќе од сѐ, но, сепак, им ја крадете иднината пред нивни очи“

„Вие нѐ игнориравте во минатото и ќе нѐ игнорирате повторно. Вие велите дека ги сакате вашите деца повеќе од сѐ, но, сепак, им ја крадете иднината пред нивни очи“, кажа Тунберг.

Нејзиниот говор го привлече вниманието на светската јавност и ги посрамоти претставниците на повеќе од 190 држави, кои се собраа во Полска за да ги утврдат правилата на спроведување на Парискиот договор за климатски промени од 2015 година.

Тунберг, исто така, ги об вини светските лидери дека само зборуваат за зелена економска иднина, бидејќи се плашат да бидат непопуларни.

„Вие цело време зборувате за одење напред со истите лоши идеи кои и нѐ доведоа до овој хаос. Вие не сте доволно зрели да ни кажете како стојат работите“, кажа Тунберг, која се обрати во името на глобалната мрежа „Клајмејт џастис нау“.

Таа, можеби, е млада, но веќе неколку години дејствува како активист против климатски промени. Во септември, Тунберг избега од часови за да протестира пред шведскиот парламент, носејќи знак „училиштен штр ајк заради климата“. Прот естираше цели три недели, а потоа доаѓаше само во петоци, инспирирајќи илјадници млади да ѝ се придружат.

Извор: “Инфомакс”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.