15 во Битола, 11 во Прилеп – Во акциска контрола на МВР уловени 30 пијани возачи на подрачјето на СВР Битола

Во текот на изминатата вечер (22/23.04.2023)во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата санкционирани се 30 возачи.Од нив 15 на територија на Битола, 11 во Прилеп ,по 1 во Ресен и Демир Хисар и 2 Македонски Брод.

За време на контролата биле санкционирани и 20 други видови прекршоци. Акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.