Во Франција ќе бидат одржани штрајкови како и многу демонстрации, бидејќи расте незадоволството на вработените во јавните служби.
Синдикатите повикаа на протести кои во цела Франција ќе бидат меѓу 130 и 140, а штрајк е предвиден во различни области, меѓу кои и здравството и школството.
Генералната управа за цивилно воздухопловство ги повика авиокомпаниите за 20 отсто да го намалат сообраќајот на аеродромите во Париз, Лион и Марсеј.
Здравствените работници како и вработените во разни јавни установи денеска на улиците ќе бараат подобри услови за работа и зголемување на бројот на вработени.
Синдикатите замеруваат да се преиспита статусот на вработените во јавните служби како што најавуваше француската влада, која предвидува укинување на 120.000 работни места до 2022. година.
Првите големи протести против реформите на Макрон се одржани во октомври, а вторите кон крајот на март.