Ова е тој период од летото во кој прилепчани зборуваат само за еден настан, годишниот концерт на единствените, “The Hounds”.
Тие веќе го најавија годишниот концерт кој ќе се одржи на 17-ти август, но сега потврдија дека на овој настан ќе биде промовиран и нивниот втор албум.
“Втор албум денес пуштен на принтање. Ќе изгледа феноменално, а звучи – ОГАН! Промоција – на роденденскиот концерт на Хаундс на средина на август. После речи дека во Македонија не се случуваат и убај работи!”, напиша фронменот на групата Златко Карчески.