На социјалните мрежи се шири информација за иcчезнато 14-годишно момче од Прилеп во Германија. Се работи за малиот Самуџел кој е роден на 16.08.2007.
Според информацијата детето веќе 4 дена се води за иcчезнато во германскиот град Трир, а последен пат бил виден на плажата.
Неговите роднини пишуваат дека слушалките кои ги носел Самуџел биле пронајдени на плажата, но не и неговото тело.
Во објавата стои и дека брачен пар во петокот околу 22:00 часот видел машко лице како лебди во водата и веднаш ја информирале итната помош, но и покрај тоа што итните служби дежурале не пронашле ништо.
Како што пишуваат локалните медиуми, спасувачките екипи од противпожарните бригади Бернкастел-Кус, Велен, Зелтинген-Рахтиг и Новианд, веднаш биле алармирани и заедно со полицијата од Бернкастел-Кус го барале телото. Во акцијата за пребарување биле користени и чамци од противпожарната бригада, полицијата од Трир, како и дронови.
Акцијата продолжила и викендов, но детето се уште не е пронајдено.