Тринаесет годишно дете Даниел Лазаревски од Австралија со македонско потекло уловило туна од 150 килограми.
Големиот улов Лазаревски го направил на брегот од Портланд, а рибата ја уловил после 35-минутна борба.
Уловот на Даниел би можел да биде нов Светски рекорд за јуниори.
Сепак, ова не е прв голем улов за Даниел. Тој и пред 3 години фатил огромна риба, која за разлика од оваа била полесна за 37 килограми.