13 години без кралот на македонската музика

На 6 декември во 2011 година, на 52-годишна возраст почина Гоце Арнаудов, познат македонски пејач на народна музика.

Во 1994 година на Фолк фест – Валандово ги освоил сите награди со песната „Дали чекаш стара мајчице“. Пет години бил прогласуван за најпопуларна личност на Македонија, а учествата на Фолк-фест Валандово му донесле 22 награди.

Неколку пати ја добил наградата за интерпретација „Никола Бадев“ на фестивалот „Гоце Фест“. Редовно учествувал на турнеи во Европа, Америка и Австралија.

Ќе остане запаметен по песните „Ех да беше стрела песната”, “Дали чекаш стара мајчице”, “Ќе пијам ќе лумпувам”, “Свири мајсторе”, “Полни бре меанџијо”… Арнаудов е роден во Струмица на 19 август 1959 година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.