13-годишно момче по потекло од Македонија, улови 150 килограми тешка туна во Австралија (Фото/Видео)

Тринаесет годишно дете Даниел Лазаревски од Австралија со македонско потекло уловило туна од 150 килограми.

Големиот улов Лазаревски го направил на брегот од Портланд, а рибата ја уловил после 35-минутна борба.

Уловот на Даниел би можел да биде нов Светски рекорд за јуниори.

Сепак, ова не е прв голем улов за Даниел. Тој и пред 3 години фатил огромна риба, која за разлика од оваа била полесна за 37 килограми.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.