Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во 16:00 часот ќе биде присутен во Прилеп.
Од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп упатија известување до сите поддржувачи, симпатизери, но и сите други заинтересирани граѓани да присуствуваат на средбата со лидерот на партијата, која ќе се одржи во просториите на Општинскиот Комитет на партијата.