Таа е ќерка на ромски доселеник во Велика Британија, се вика Никол Бар и има официјална потврда дека е попаметна од најголемите светски генијалци – Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинг.
На официјалното тестирање на Менсин, дванаесетгодишната Никол постигнала резултат 162, што е максимален резултат за човечка интелегенција, пишуваат британските медиуми.
Никол, која оди во локално училиште, вели дека била шокирана кога сфатила какви и се резултатите на тестот. Сепак, нејзиниот татко вели дека таа секогаш била пред останатите деца и дека од секогаш била брилијантна по математика.
Ф.Г.