12-годишниот Димитар Мицески прв го изваде Светиот крст од водите на базенот во дворот на црквата Св. Благовештение. Димитар е ученик во ООУ “Гоце Делчев” и за прв пат влегува во осветените води на празникот Богојавление – Водици.
Во овој црковен храм пријавени беа 20-тина дечиња до 12-годишна возраст, а меѓу нив имаше и две девојчиња.
Големиот настан на осветување на водите, каде вкупно се пријавени 123 лица, ќе се одржи во 12 часот, во Аквапаркот “Салида”.