Освен во основните, во последните 12 години Општина Прилеп во соработка со претходната Влада, МОН, амбасадите, невладини организации од странство и Македонија, приватни донатори и други лица има направено огромен број на капитални и историски инвестиции и во средните училишта.
- СОЕПТУ „Кузман Јосифоски Питу“ инвестирани се околу 50 милиони денари и реализирани се следниве поголеми проекти:
– Нова спортска сала во вредност од 24 милиони денари.
– Целосна реконструкција на училишниот објект – нов кров, термо фасада, промена на внатрешната и надворешната столарија, нов скалишен простор, реконструкција на санитарните јазли, набавка на фитнес опрема, нови парни котли, нова котлара во стариот објект за потребите на спортската сала и партерно уредување на училишниот двор.
- СОУ „Ѓорче Петров“ инвестирани се околу 51 милион денари и реализирани се следниве поголеми проекти:
– Нова спортска сала во вредност од 24 милиони денари.
– Ново централно греење, промена на надворешна и внатрешна столаријата, партерно уредување на училишниот двор, изградба на нов влез во училишниот објект, санација на дел од санитариите, отворање на реална компанија – за практична настава од шумарско-дрвопреработувачката струка и уредување на центар за практична настава.
- СОУ „Орде Чопела“ инвестирани се околу 29 милиони денари и реализирани се следниве поголеми проекти:
– Целосна промена на надворешната и внатрешната столарија, санација на санитарни јазли, целосна реконструкција на спортската сала, целосна реконструкција на хемиската лабораторија, отворање на нова ветеринарна амбуланта, отворање на реална компанија – пекара, нов асфалт на спортското игралиште и партерно уредување на училишниот двор.
- СОУ „Ристе Ристески Ричко“ инвестирани се околу 68 милиони денари и реализирани се следниве поголеми проекти:
– Нова спортска сала со трибини во вредност од 40 милиони денари.
– Комплетна промена на надворешната столарија, санација на подови на дел од училниците, нови парни котли и отворање на реална компанија – автомеханичарска работилница.
- СОУ Гимназија „Мирче Ацев” инвестирани се околу 28 милиони денари и реализирани се следниве поголеми проекти:
– Промена на дел од надворешната столарија, промена на подовите во училниците, санација на санитарните јазли, санација на централното греење.
– Целосна реконструкција на спортската сала, изградба на ново повеќенаменско игралиште, изградба на ново тениско игралиште и комплетно заградување на училишниот двор.
[Best_Wordpress_Gallery id=”540″ gal_title=”7890″]
Во изминативе 12 години во сите училишта и основни и средни се реализираа големи и капитални проекти како што се комплетна набавка на нови клупи и столчиња, проект компјутер за секое дете и набавка на бесплатни учебници за сите ученици.
Исто така во средните училиште во изминативе 12 години се отворија нови 16 образовни профили и тоа :
- Во СОУ „Орде Чопела“ : ветеринарен техничар, техничар за очна оптика, геодетски техничар, техничар за агроменаџмент, техничар нутриционист и геодетски техничар.
- Во СОУ „Ѓорче Петров“ : фармацевтски лабораториски техничар и физиотерапевтски техничар.
- Во СОЕПТУ „Кузман Јосифоски Питу“ : банкарски техничар, деловен секретар и правен техничар
- Во СОУ „Ристе Ристески Ричко“ : спортска гимназија, техничар за транспорт и шпедиција, техничар за патен сообраќај, графички техничар
- И спортската академија за фудбал во СОУ Гимназијата „Мирче Ацев“.
Во изминативе 12 години оваа Локална Самоуправа реализираше голем број на капитални проекти во сите училишта, но нема да застанеме тука и понатаму планираме да продолжиме со инвестирање по 1 милион евра годишно во образованието, се со цел во иднина да добиеме комплетно современи училишни објекти.
Како изледаа средните училишта во Прилеп погледнете во продолжение:
[Best_Wordpress_Gallery id=”541″ gal_title=”1010″]
Дел од позначајните и поголеми проекти кои ги планираме за во иднина се :
– Нови термо фасади за сите училишни објекти.
– Изградба на уште три спортски сали во ООУ „Кочо Рацин“, ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“ и ООУ „Блаже Конески“.
– Изградба на повеќенаменски игралиша во ООУ „Кирил и Методиј“ с. Кантларци и ООУ „Рампо Левката“.
– Нови системи за централно греење во училишните објекти во Мало Коњари, Големо Коњари, Тополчани и Старо Лагово.
– Целосно препокривање на училиштето во Канатларци и нови санитарни јазли во подрачното училиште во Бонче.
– Целосна санација на санитарните јазли во ООУ „Гоце Делчев“.
– Санација на игралиштето во ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“.
– Целосна реконструкција на подрачното училиште на ООУ „Добре Јованоски“.
– Нови парни котли и санација на централното греење во ООУ „Рампо Левката“.
– Партерно уредување на училишниот двор во подрачното училиште на ООУ „Климент Охридски“ во Мажучиште.
– Промена на останатиот дел на надворешната столарија и нов кров во СОУ Гимназија „Мирче Ацев“.
– Адаптација На старата котлара во СОУ „Ристе Ристерски Ричко“ за нови работилници за практична настава и целосно оградување на училишниот двор, како и промена на дел од подовите и санација на санитарните јазли.
– Оградување и партерно уредување на училишниот двор во СОУ „Ѓорче Петров“ и целосна санација на санитарните јазли.
– Партерно уредување на училишниот двор во СОУ „Орде Чопела“.
– Целосна реконструкција на стариот објект до СОЕПТУ „Кузман Јосифоски Питу“.
– Набавка на нагледни средства за сите училишта а посебно за практична настава, како и нови спортски реквизити.
– Отворање на детска градинка во училишниот објект во Мало Коњари
и училиштето во Кадино Село.