Родителите го донеле во битолската болница телото на нивниот дванаесетгодишен син кој починал во домот.
Од полицијата информираат дека тргедијата се случила во неделата, а станува збор за момче од селото Лера, Битолско.
Според пријавеното, на малолетникот му се слошило во домот, по што бил донесен во болницата.
Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.