118 години од cмpтта на најголемиот македонcки xepoj Гоце Делчев

Делегација на Владата на Република Македонија по повод смртта на Делчев ќе положи цвеќе на неговиот гроб во црквата „Свети Спас“ во Скопје, а потоа и пред споменикот на Делчев на плоштадот „Македонија“.

Во Македонската академија на науките и уметностите денеска напладне ќе биде доделена државната награда „Гоце Делчев“ за 2017 година за особено значајни остварувања од интерес за Република Македонија во областа на науката.

Визионерот кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.

Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија.

По убиството, неговите посмртни останки првин се чувале во Баница, до 1917 година, кога биле пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чувало во домот на Михаил Чаков. Останките на Делчев на 11 октомври 1946 година биле пренесени во црквата „Свети Спас“ во Скопје.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.