Прилепските земјоделци од селата Мало и Големо Коњари, Кадино село и регионот на населбата Варош ги живеаат најтешките денови.
Невремето и градот со големина на орев кој пред две недели ги погоди нивните насади со тутун, жито и други култури, им зеде се’ и ги остави безнадежни и разочарани.
За само 20тина минути огромни површини кои значат егзистенција за стотици семејства беа срамнети со земја, а оштетата е стопроцентна.
До општина Прилеп заклучно со 03.08.2018 пристигнале 1135 барања за обештетување од страна на земјоделците, а од општината сеуште нема објавено колку ќе изнесува оштетата за овие семејства, на кои земјоделието им е основна дејност за живот.
Земјоделците од овие погодени подрачја бараат 100% да им се обештети нивниот труд. Во очај секојдневно повикуваат за помош и не гледаат никаков излез доколку властите не им излезат во пресрет.