Прилепчани дојдоа и до третата победа од исто толку натпревари во Првата кошаркарска лига. Овојпат на домашен терен, Мега Баскет беше подобар од Водно санс (110:84).
По изедначената прва четвртина во која домашниот тим сепак се стекна со предност од три поени (26-23), во втората дојде до првото посериозно резултатско одвојување. Прилепчани заиграа уште поефикасно во нападот, и до големиот одмор се стекнаа со висока позитива (56-41).
Одличната игра домаќините ја потврдија со слично одигран втор дел, особено висока предност постигнаа во последната четвртина (29-17), за убедлив триумф изразен со 26.поени.
Нова одлична партија прикажа Враниќ, кој застана на бројката од 30.поени, следен од Нешиќ, кој постигна 21, Митков кој даде 19, и Радически, стрелец на 14.поени.
Кај Водно санс шутерски расположен беше Сребров, кој дојде до 28.реализации, Бајалџиев имаше 15, а Јоскоски уште 11.поени.
Овие резултати на стартот од сезоната треба да бидат аларм за општината и бизнис секторот максимално да го поддржат Мега Баскет. Да помогнеме сонот да стане реалност – Прилеп одново да има СУПЕРЛИГАШ!




























