Од 8. 10 до 10.10 во Кино Мис Стон во Прилеп традиционалнао ќе се одржи Фестивалот на новиот германски филм. Отворањето на 11 издание на фестивалот е во четврток 8 октомври во 19.30 часот, а ќе присуствува и германската амбасадорка д-р Кристине Д. Алтхаузер.
Фестивалот на новиот германски филм годинава започнува во Прилеп. Има посебно место не само во прилепскиот, туку и во македонскиот културен живот и претставува доживување за сите љубители на германскиот јазик.
И годинава фестивалот понудува најнови германски продукции, со што ќе се прикаже разноликоста на германската кинематографија. На програмата се филмови од најразличен жанр. Тие го опфаќаат времето на Шилер и Гете, па се до денешницата, каде што се појаснуваат предизвиците на мултикултурното општество. Не е изоставен ниту начинот на справување со сопствената минливост. Се разбира оставен е простор и за најмладите.
Филмови што ќе се прикажуваат во кино Мис Стон
Четврток 8. октомври
19.30 часот – ,,Роден во болка,, режија Флориан Шварц ( криминален филм)
Петок 9. октомври
18.00 часот – ,,Феникс,, режија Кристиан Пецолд, (драма)
20.00 часот – ,, Хакери,, режија Баран бо Одар, (трилер)
Сабота 10 октомври
16.00 часот – ,, Лола на грашокот,, режија Томас Хајнеман, ( филм за деца)
18.00 часот – ,, Спасете го Рафи,, режија Аренд Агте, (филм за деца)
20.00 часот – ,, 300 збора германски,, режија Зили Аладаг (комедија)