Започна исплатата на субвенции за тутун. Повеќе од 22 милиони евра ќе се слеат во џебовите на македонските тутунари. Субвенции се исплатени за предаден тутун до 15 – ти јануари, останатите ќе бидат исплатени после 15 – ти март. Во овој период средствата се добредојдени и за подготовка за новата реколта, односно за расадопроизводство.
Ако се земе во предвид дека просечната цена оваа година беше 189 денари, тогаш со сигурност може да се каже дека оваа била една од „златните“ години за македонскиот тутунар.