15-годишната Стефанија Попоска од Прилеп се бори да зачекори во животот. Родена со тешка дијагноза, Стефанија од првиот нејзин здив не знае што значи лесно движење. Нозете и половината и се слаби, секој чекор и е мака. Досега има поминато низ неколку операции, но нејзината здравствена состојба се’ уште не е на посакуваното ниво.
Надеж гледа во специјализираната болница “Нуромедик” во Ниш, каде преку третмани и’ ветуваат значително подобрување во движењето. Семејството Попоски живее скромен живот, нејзиниот татко е инвалид, па финансиски се немоќни да ги поднесат сите трошоци.
-Со треперливо срце и со многу болка, ви се обраќаме – како родители, како луѓе, како мајка и татко кои секој ден ја гледаат својата ќерка како се мачи да зачекори.Ве молиме, помогнете ни. Помогнете и на Стефанија.Секоја донација е глас на надеж. Секоја споделена приказна е чекор поблиску до нејзиното подобро утре – стои во апелот за помош на социјалните мрежи и на хуманитарната организација “Павел Андреев”.
За Стефанија можете да донирате на следниот ЛИНК
А сега објавени се и донаторски броеви, каде можете да донирате по 100 денари со еден повик:
- За корисниците на Телеком: 143 106
- За корсниците на А1: 143 477