Во Средното општинско училиште „Кузман Јосифоски-Питу“- Прилеп постојано се вложува и се сменува неговиот изглед.
Во изминатите години во Средното општинско училиште “Кузман Јосифоски-Питу” во Прилеп инвестирани се 650.000 евра. Денеска во училиштето се одржа пресконференција каде беа презентирани сите реализирани, но и идни планирани проекти во училиштето.
“Стремежот на СОУ “Кузман Јосифоски – Питу” е да биде почитуван партнер во заедницата, да обезбеди средина со пријатна клима за работа на учениците од различните етнички заедници. На тој начин ќе се овозможи стекнување на квалитетни, трајни и применливи знаења и вештини. Тогаш учениците би биле спремни за комплетно вклучување во современите општествени текови и пазарот на трудот.
Менаџерскиот тим на училиштето инвестира во подобрување на условите за учење и работа на сите кои се дел од училиштето, а пред сè на учениците.
Во периодот од 2005-2016 година се инвестираше во :
- Опремување фитнес сала
- Опремување на младинска организација
- Набавен е училишен инвентар
- Набавени се компјутери за секое дете и лаптопи за професорите
- Променета е застарената електрична инсталација со цел да нема пречка во работата на компјутерите
- Опремување на кариерен центар за наставни и воннаставни активности на учениците
- Набавени се камери за поголема безбедност на учениците, вработените и имотот на училиштето.
- Комплетно преуредување на наставничката канцеларија
- Котлара градежен и машински дел
- Пуштање во употреба на нова спортска сала
- Изградба на скалишно јадро
- Реконструкција на санитарни јазли
- Комплетно реновирано училиште , Проект ЕНЕРЏИ НЕТ (замена на старите прозорци со нови од ПВЦ и термопан стакло, термоизолациона фасада 20см. и целосно препокривање на кровот со изолација и поставување на громобран)
- Поплочување со бекатон плочки и хортикултурно уредување на просторот пред спортската сала
- Поставени се заштитни пердиња на сите прозори во училишната зграда
- Набавени клупи за седење во училишниот двор и клупи за седење на учениците во ходниците
- Поставени се клима уреди во канцелариите
- Набавени се ЛЦД телевизор, Електронска табла, ЛЦД-е проектори….
Едукацијата на наставниот кадар е континуирана активност : Проект за модернизација на образованието, Е-школо/информатичка едукација, УСАИД „JЕС Мрежа “ , Национална Агенција за европски образовни програми и мобилност……
Во последните неколку години училиштето доби грант од Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност, со обуки во Беналмадена, Шпанија и Скарбро во Англија, грант за контакт семинар во Варшава, Полска, грант за контакт семинар во Зандворт Ан Зе, Холандија, грант за мултилатерален проект во е-твининг, учествуво во е-твининг виртуелни проекти, реализирани твининг проекти и мобилности на ученици и наставници во Полска, Бугарија и Германија.
Успешно функционира и проектот на Центарот за образование на возрасни како и Проектот за обуки по сметководство во соработка со Агенцијата за вработување Прилеп.
Сето ова искажано во бројки околу 40.000.000 денари или 650.000 ЕУР.
Идни активности:
- Внатрешно уредување на кабинети и училници
- Отворање на медиотека
- Комплетно реновирање на книжарата
- Воспоставување на топлотна врска со спортска сала
- Обновување на хортикултурно уредување на училишниот двор
- Учество на контакт семинари, подготвителни посети, студиски посети, семинари
- Соработката со Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност
- Образование на возрасни – втора генерација учесници
- Реализација на обуки по сметководство во соработка со АВР…..
Ни преставува особена чест и задоволство што работиме за интерес на нашите ученици, градот и државата. Благодарност на локалната власт и Градоначалникот Марјан Ристески, Министерството за образование и наука при Владата на Република Македонија, советот на родители, USAID, спонзорите, донаторите и сите кои придонеле за развој на СОУ „Кузман Јосифоски-Питу “-Прилеп”, посочија од училиштето