10 години посветеност на безвременска убавина – Студиото Liza Nails&makeup од Прилеп прослави јубилеј на старата локација, со ново стилско уредување на просторот

Малкумина млади луѓе можат да се пофалат со 10-годишен успех во бизнисот или дејноста која ја работат. Успехот во Македонија можеби е тежок, а патот до него трнлив и полн со предизвици и препреки, но упорноста, пожртвуваноста и личниот талент никој не може да ви го одземе.

Водена од овие лични особини, пред 10 години Лиза Петреска го отвори студиото за убавина Liza nails&makeup и тргна во мисија за целосна трансформација на припадничките од понежниот пол во Прилеп. 10 години подоцна нејзината мисија е повеќе од успешна.

Стотици и стотици задоволни муштерии и исто толку насмевки и среќни лица. Декада каква секој би посакал, а успешната приказна сега продолжува и во нов освежен и гламурозен амбиент, што ја отсликува посветеноста на салонот за безвременска убавина и иновација.

Десетгодишниот јубилеј беше одбележан и со одлична прослава, на која присутните беа воодушевени од новиот свеж изглед и секако веќе ги пренесуваат импресиите и позитивните впечатоци.

Салонот постои како место кое е посветено на перфекционизам за изработка на маникир, како и на педикир со кавалитетна опрема и материјали кои се користат. Малку покасно се вклучува со услуги за депилација со ладен и топол восок без истиот да се претопува, а истата се врши со одржување на хигиена на највисоко ниво. Салонот исто така нуди услуги за професионална шминка, каде се користат професионални линии на шминка HUDA Beauty, Anastasia Beverly Hills, MAC, Kiko Milano, Benefit,Dior и многу други, кои ја штитат вашата кожа и даваат максимално истакнат и префинет изглед.

Во текот на изминатите десет години, Liza nails&makeup беше во првите редови за убавина, трансформирајќи ги обичните моменти во извонредни искуства. Стана синоним за елеганција, софистицираност и неспоредливо задоволство на клиентите.

Неодамнешното реновирање на салонот ја одразува неговата посветеност да остане пред трендовите и да поставува нови стандарди во естетиката за убавина. Обновениот простор беспрекорно ги спојува модерните дизајнерски елементи со допир на класичен шарм, создавајќи атмосфера што ги плени сетилата и го подига искуството на клиентот.

Студитo нуди и ваучери кои може да ги закупувате како подарок за некоја ваша драга личност.

Liza nails&makeup е лоциран на првиот кат во бизнис центарот. Повелете и посетете ги, затоа што грижата за себе – вреди да се практикува.

Следете ги профилите на студиото на Facebook и Instagram, и уверете се зошто Liza nails&makeup е број еден избор за најголем број од дамите и девојките во Прилеп.

Дизајнирано by Gavrl+architecture and design




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.