10 милиони евра инвестиции во образованието во Прилеп: Реализирани проекти во СОУ “Кузман Јосифоски – Питу” (ФОТО)

Во Средното општинско училиште „Кузман Јосифоски-Питу“- Прилеп  постојано се вложува и се сменува неговиот  изглед.

BeFunky Collage121

Во изминатите години во Средното општинско училиште “Кузман Јосифоски-Питу” во Прилеп инвестирани се 650.000 евра. Денеска во училиштето се одржа пресконференција каде беа презентирани сите реализирани, но и идни планирани проекти во училиштето.

“Стремежот на  СОУ “Кузман Јосифоски – Питу” е да биде почитуван партнер во заедницата, да обезбеди средина со пријатна клима за работа на учениците од различните етнички заедници. На  тој начин ќе се овозможи стекнување на квалитетни, трајни и применливи знаења и вештини. Тогаш учениците би биле спремни за комплетно вклучување во современите општествени текови и пазарот на трудот.

Менаџерскиот тим на училиштето инвестира во  подобрување на  условите за  учење и работа на сите кои се дел од училиштето, а пред сè на учениците.

Во периодот од 2005-2016  година се инвестираше во :

  • Опремување фитнес сала

blob(1)

blob

  • Опремување на младинска организација
  • Набавен е училишен инвентар
  • Набавени се компјутери за секое дете и лаптопи за професорите
  • Променета е застарената електрична инсталација со цел да нема пречка во работата на компјутерите
  • Опремување на кариерен центар за наставни и воннаставни активности на учениците

кариерен 1

кариерен 6

  • Набавени се камери за поголема безбедност на учениците, вработените и имотот на училиштето.
  • Комплетно преуредување на наставничката канцеларија
  • Котлара градежен и машински дел
  • Пуштање во употреба на нова спортска сала
  • Изградба на скалишно јадро

скали 2

слали 1

  • Реконструкција на санитарни јазли

санитарни јазли 3

санитарни јазли 5

  • Комплетно реновирано училиште , Проект ЕНЕРЏИ НЕТ (замена на старите прозорци со нови од ПВЦ и термопан стакло, термоизолациона фасада 20см.  и  целосно препокривање на кровот со изолација и поставување на громобран)

фасада 1

фасада 3

фасада 5

фасада 11

  • Поплочување со бекатон плочки и хортикултурно уредување на просторот пред спортската сала

парк и патека 7

 

парк и патека 4

  • Поставени се заштитни пердиња на сите прозори во училишната зграда
  • Набавени клупи за седење во училишниот двор и клупи за седење на учениците во ходниците
  • Поставени се клима уреди во канцелариите
  • Набавени се ЛЦД телевизор, Електронска табла, ЛЦД-е  проектори….

Едукацијата на наставниот кадар е континуирана активност : Проект за модернизација на образованието, Е-школо/информатичка едукација, УСАИД  „JЕС Мрежа “ , Национална  Агенција за европски образовни програми и мобилност……

Во последните неколку години училиштето доби грант од Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност, со обуки во Беналмадена, Шпанија и Скарбро во Англија, грант за контакт семинар во Варшава, Полска, грант за контакт семинар во Зандворт Ан Зе, Холандија, грант за мултилатерален проект во е-твининг, учествуво во  е-твининг виртуелни проекти, реализирани твининг проекти и мобилности на ученици и наставници во Полска,  Бугарија и Германија.

Успешно функционира и проектот на Центарот за образование на возрасни како и Проектот за  обуки по сметководство во соработка со Агенцијата за вработување Прилеп.

Сето ова искажано во бројки околу 40.000.000 денари или 650.000 ЕУР.

Идни активности:

  • Внатрешно уредување на кабинети и училници
  • Отворање на медиотека
  • Комплетно реновирање на книжарата
  • Воспоставување на топлотна врска со спортска сала
  • Обновување на хортикултурно уредување на училишниот двор
  • Учество на контакт семинари, подготвителни посети, студиски посети, семинари
  • Соработката со Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност
  • Образование на возрасни – втора генерација учесници
  • Реализација на обуки по сметководство во соработка со АВР…..

Ни преставува особена чест и задоволство што работиме за интерес на нашите ученици, градот и државата. Благодарност  на локалната власт и Градоначалникот  Марјан Ристески, Министерството за образование и наука при Владата на Република Македонија, советот на родители, USAID, спонзорите, донаторите и сите кои придонеле за развој на СОУ „Кузман Јосифоски-Питу “-Прилеп”, посочија од училиштето




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.