Оваа година Детската амбасада за сите деца од светот, го организира десеттиот јубилеен Божиќен ручек за 500 деца од целата држава.
На трпезата во хотел Кристал Палас во Прилеп, на Божиќ ќе седнат дечиња од секоја вероисповед, ќе се дружат и ќе го празнуваат Христовото раѓање.
По тој повод денес 05.01.2016г., организаторите на манифестацијата одржаја пресконференција на која го најавија начинот на празнување, програмата и упатија благодарност до сите оние кои го помагаат овој настан.