1.000 денари месечно за струја – проверете дали ви следува

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини соопшти дека Владата ја усвои Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година. Со оваа програма се издвојуваат 42,3 милиони денари од државниот буџет за директна финансиска поддршка на граѓани кои живеат во енергетска сиромаштија – особено лица со попреченост и корисници на гарантирана минимална помош.

– „Целта е да обезбедиме сигурна и достапна енергија за најранливите. Финансиската поддршка ќе помогне на домаќинства со сериозни социјални и здравствени предизвици,“ информираат од Министерството. Поддршката ќе се спроведува по принципот „најниски приходи“, додека не се исцрпат предвидените средства. Секоја избрана апликантска единица ќе добива месечна поддршка од 1.000 денари, кои директно ќе се одбиваат од сметките за електрична енергија во период од 12 месеци од поднесувањето на барањето.

Распределба на средствата: 2,3 милиони денари за домаќинства со лице/лица со тешка или длабока интелектуална попреченост 19 милиони денари за домаќинства со најтешка телесна попреченост 9 милиони денари за домаќинства со потполно слепо лице 12 милиони денари за домаќинства со потполно глуво лице Јавниот оглас за аплицирање ќе биде објавен на веб-страницата на Министерството за енергетика (www.energy.gov.mk) и во два дневни весници. Граѓаните ќе имаат рок од 30 дена за поднесување на барањата, а апликацискиот образец ќе биде достапен онлајн и во архивата на Министерството. За аплицирање ќе биде потребна соодветна документација. Селекцијата ќе ја вршат четири специјализирани комисии, формирани според видот на попреченоста, составени од службеници од Министерството. Листата на избрани корисници ќе биде јавно објавена.

Дополнителни олеснувања од програмата: Ослободување од трошоци за повторно приклучување Приоритет при отстранување дефекти Забрана за исклучување од електрична енергија поради неплатени сметки во зимскиот период Од Министерството апелираат сите граѓани кои ги исполнуваат условите да се информираат и да аплицираат навреме.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.