1.000 млади луѓе на едно место во 1 часот по полноќ гледаа финале во баскет во Прилеп! Одлична организација и натпревари на 14-от по ред турнир “КГЈ 3X3” (ВИДЕО)

Изминатиот викенд во Прилеп се одржа најновото, 14-то по ред издание на најпопуларниот турнир во баскет во регионот, “КГЈ 3×3”.

Kaко и секое минато издание, турнирот донесе голем број возбудувања и на едно место собра огромен број млади луѓе и вљубеници во спортот.

Синоќа над 1.000 публика го следеше финалниот натпревар и тоа во 01 часот по полноќ и на врнежливо време.

Дечките од организацијата направија надчовечки напори и во вакви временски услови турнирот да стигне до својата завршница, а притоа да не ги разочараат очекувањата на публиката.

Трите дена од турнирот изминаа во дружба, забава и акција, а мислењето на младите е дека на Прилеп му недостигаат вакви спортски случувања и надлежните треба да направат напори, да уредат што повеќе игралишта и финансиски да ги поддржуваат и мотивираат ваквите настани.

На турнирот оваа година пријавени беа 28 екипи од Прилеп и од други градови од Македонија. Наградата за прво место изнесуваше 20.000 денари, за второ 10.000 и за трето место 6.000 денари.

Организаторите: Стефан Костоски, Стефан Стевананџија и Марио Маџоски, упатуваат огромна благодарност до сите поддржувачи на турнирот, но и на сите оние кои помогнаа во организацијата.

“КГЈ 3X3” е братство кое трае 14 години!

Секоја чест дечки! Се гледаме следната година!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.