Благоја Спиркоски-Џумерко живее во нашите спомени, а неговите изведби, глума и неверојатна смисла за хумор и ден денеска се најгледани и изнудуваат лавина смеа.
Пред повеќе години за време на еден настап во центарот на Прилеп, Џумерко им раскажал на насобраните прилепчани за потеклото на Филип Втори и Александар Трети Македонски, како настанале Битола и Црна Река и како станал популарен прилепскиот тутун.
А што би бил денешниот ден на шегата без да се потсетиме на една од најголемите легенди што некогаш живееле во Прилеп?