Џудо eкспертот Габриел Сапта во мисија на издигнување на џудо спортот во Прилеп

zagrevanje 2

Џудо експертот Габриел Сапта  6-ти ДАН Белгија кој е дојден  во Р. Македонија на 1 годишна мисија со цел унапредување на џудо споротот во нашата држава, првата работна посета ја започна во Прилеп.
Mali pocetok
Имено на  23.01.2017 понеделник во спортска сала на ООУ-“Кочо Рацин”-Прилеп во редовните термини за тренинг 19,00-20,00 часот, 1-ва група деца, помлади и постари пионери и 20,00-21,30 часот,  2 група кадети, јуниори и сениори, домаќин беше Џудо Клубот “СЕИШИН”-Прилеп.
Randori
 На овие тренинзи присуство зедоа околу 70 членови на клубот “Сеишин”, почнувајќи од најмладите па се до најстари членови ветерани. Првично eкспертот само ја скенираше состојбата и моменталната стручна подготовка на џудистите, осврнувајќи се на одредени првични сугестии околу методите за работа со цел постигнување на поголеми спортски резултати. Во следната фаза на неговите работни посети ќе се работи на суштински техничко-тактички подготовки на натпреварувачите.
Grupna F.
Во текот на утрешниот ден предвидено е да одржи пооделни состаноци со тимот тренери, а потоа и со раководството и комисиите  на клубот “СЕИШИН” со цел размена на искуства и договор за понатамошната соработка.
Вотекот на работната посета оваа недела Сапта ќе ги посети и другите клубови во нашиот град.
veterani




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.