На 14.01.2017 Сабота во Кавадарци спортска сала „Јасмин“ во организација на Џудо Федерацијата на Македонија се одржа стручен семинар за џудо тренери и џудо судии „Кавадарци 2017“.
Семинарот се состоеше од 2 дела:
1. Теоретски преку предавања и разгледување конкретен видео материјал, и
2. Практичен преку практично изведување на џудо татамите на сите учесници.
Семинарот беше предводен од Г-дин Габриел Сапта џудо експерт 6-ти Дан од Белгија во координација со претседателот на судиската комисија при ЏФМ Г-ин Томе Јосифоски (интернационален судија).
Имено Г-динот Габрил Сапта ќе престојува во Македонија околу 1 година со цел унапредување на Џудо спортот во нашата држава, овозможено од Македонскиот Олимписки Комитет и Интернационалната Џудо Федерација.
Џудо клубот Сеишин на овој семинар зеде активно учество со 3 тренери.
Ф.Г.