На 04.12.2016 Џудо Клубот СЕИШИН-Прилеп зеде учество на Меѓународниот турнир во џудо за кадети-ки и сениори-ки во Приштина -Косово.
Турнирот беше во организација на Џудо Клубот „Полиси“-Приштина кој е традиционален под името „Адем Јашари“-2016.
На овој турнир учество зедоа клубови од Косово, Македонија, Црна Гора, Хрватска и Албанија.
Џудо Клубот Сеишин -Прилеп учествуваше со 3 натпреварувачи во сениорска конкуренција и освоени се 3 медали:
1. Мартин Тодорчески кат. -66 кг. 1-во место
2. Христијан Ѓураков кат. -81 кг. 2-ро место
3. Мартин Јаковлески кат. -73 кг. 3-то место.
Клубот продолжува со припреми за престојното Државно екипно првенство во џудо за сениори и сениорки кое треба да се одржи во средината на месец декември.