Џудо клубот “Бушидо” успешно го реализираше проектот “Џудо во основните училишта”

По иницијатива на Џ.К.Бушидо и во соработка со О.О.У “Рампо Левката” од понеделникот до денес се одржа проектот “Џудо во основните училишта”.

Промотор и водител на проектот беше добитничката на “Третоноемвриска награда” и репрезентативец на Македонија од нашиот град Теодора Ристеска, која ги запозна младите со овој олимписки спорт.

Од клубот се задоволни од сработеното и изразија благодарност до сите кои беа инволвирани во овој проект.

Теодора Ристеска во моментов се подготвува за европскиот куп кој ќе се одржи во Словенија овој месец и се надеваме дека уште еднаш ќе ги покаже и докаже своите квалитети и достојно ќе ги брани боите на Македонија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.