Џудо клубот “Бушидо” зеде учество на Државното првенство за помлади пионери и јуниори кое се одржа во Кавадарци.
На првенството се натпреваруваа 200 такмичари од Македонија, а боите на “Бушидо” ги бранеа 7 натпреварувачи.
Ова се освојувачите на медали:
– Елеонора Илиоска прво место – категорија помлади пионерки; Марија Трајкоска трето место- категорија помлади пионерки; Давид Мицески трето место – категорија помлади пионери; Ема Димитриоска трето место- категорија јуниорки; Сара Атанасоска трето место- категорија јуниорки.