Џудистите од “Бушидо” ги оправдаа очекувањата: 6 медали од Државното првенство во Скопје

Вчера во Скопје се одржа Државното првенство во џудо во категорија сениори/ки и деца. Од “Бушидо” учество зедоа шест натпреварувачи и истите се закитија со шест медали. Повторно стопостотен учинок на прилепчани.

– Матеа Илиеска 3 место- деца
– Филип Стојкоски 2 место – деца
– Марија Талеска 3 место – сениорки
– Матеја Кочоска 2 место- сениорки
– Сара Атанасоска 1 место- сениорки
– Теодора Ристеска 1 место – сениорки

Но, ова не е крај на натпреварувачката сезона, бидејќи на покана на џудо клубот “Бомби” од Пожаревац, Србија, “Бушидо” за прв пат ќе земе учество на Меѓународниот џудо турнир кој ќе се одржи на 8 Декември.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.