Џо Бајден ќе ја воскреснува екс-Југославија

Поранешниот дипломат за Балканот, Тимоти Лес, вели дека регионов, под водството на новиот шеф на САД, би можел да биде нов мултиетнички ентитет, тесно поврзан со ЕУ. Тоа би била инкарнација на некогашната голема држава.

Поранешниот дипломат Тимоти Лес вели дека овој регион, под администрацијата на новиот претседател на САД, Џо Бајден, би можел да биде некој вид на “ЕУ-Југославија”- нов мултиетнички ентитет, тесно поврзан со ЕУ, во кој ќе влегуваат шест држави на западен Балкан, со седиште во Белград.

– Тоа нема да биде баш нова Југославија, која беше производ на своето време. Но фактите на теренот ќе го примораат Бајден да се врати на логиката на неодамнешното минато и да се заложи за создавање на инкарнацијата на 21. век- нова “ЕУ-Југославија”, пишува Лес во авторскиот текст за Opendemocracy.net.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.