Џонсон Контролс ја започна градбата на новата фабрика во Струмица

Американската компанија „Џонсон Контролс“ почна да ја гради својата нова фабрика во ТИРЗ Струмица.

 

13227911_10207922881844340_2103674181_n

Околу 1.500 нови работни места во Струмичкиот регион и инвестиција од 20 милиони долари планира американската компанија „Џонсон Контролс“ во новата фабрика што почна да ја гради денеска во индустриската зона во Струмица.

-Отворањето на новата фабрика е важен настан. Ова не е само значајна инвестиција од 20 милиони долари, туку истовремено и можност за нови вработувања, кои заедно со оние во фабриката во Штип изнесуваат над 3.000 работни места, вели директорот во „Џонсон Контролс“, Питер Хајфт.

На поставувањето на камен темелникот присуствуваа претседателот на Владата Емил Димитрев, вицепремиерот Владимир Пешевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

На поставувањето на камен темелник за најголемата инвестиција во Струмица, уредно беше поканет и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, но тој не присуствуваше.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.