ЏИНЏИЌ СО ГЛАВА ГО ПЛАТИ ОВОЈ ПЛАН ЗА КОСОВО: Погледнете ги документите од 2002 година кои ја откриваат стратегијата на Србија за решавање на овој проблем

Што зборвуал за Косово поранешниот српски премиер Зоран Џинџиќ пред 15 години? Џинџиќ предлагал низа решенија, а во речиси сите негови изјави може да се забележи дека тој сакал прашањето за Косово што побрзо да се затвори.

Во неколку свои изјави за Косово од почетокот на 2003 година, Џинџиќ жестоко ја критикувал меѓународната заедница, како што рекол, “едно зборуваат, а друго прават”.

Систематски се елиминира било каква врска меѓу Србија и Косово, од законодавство, царински и даночен систем, до располагање со државен имот и меѓународно претставување. Србија ниту има некаква надлежност или право на Косово и Метохија, ниту пак такво нешто е предвидено во иднина. Тоа се факти и тие се неприфатливи за Србија, а воедно и спротивни на меѓународните документи”, навел Џинџиќ на 19 јануари 2003 година, пишува српски Курир.

Тој предлагал повеќе решенија, а во писмото кон тогашниот британски премиер Тони Блер истакнал дека на прашањето за Косово мора да се пристапи “без одлагање и на вистинско ниво”, и ги понудил следните опции:

“Првата опција е федерализација во која Албанците и Србите ќе имаат сличен статус како муслиманите и Хрватите во Босна и Херцеговина. Ова решение би овозможило доволно голема гаранција дека Србите ќе можат да ги уживаат своите права во склад со самоуправата на Косово. Косово би имало асиметричен статус во однос на Србија – повеќе од покраина, помалку од федерална единица. Другата опција, во случај првата да не успее, во стилот на Кипар, со територијална демократија, но непроменети граници. Во овој случај, Србите би го организирале својот политички живот главно во северот на Косово. ТРетата опција е промена на границата со договор. Во тој случај, српската национална заедница би добила свој дел на територија”, истакнал Џинџиќ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.