По 23 години во затвор професионалниот колумбиски убиец решил да го промени начинот на живот. Во својата “кариера” на џелат, убил 250 луѓе. Сега на неговиот блогер на YouTube има повеќе од 250.000 претплатници. Неговата крвава приказна е преточена во книга, серија и филмови.
– Јас сум професионален убиец. Убивам за пари. Исто така убивав и поради љубов и почит кон Пабло Ескобар – вели Џон Хаиро Веласкез познат како Попај.
Во затворот поминал 23 години и 3 месеци. Смета дека со тоа го платил својот долг.
– Со својата рака убив 250 луѓе. А од целата организација настрадаа 50.000 луѓе. Јас сум експерт за тероризам, киндапирање и сите други видови на криминал – вели Веласкез.
Картелот на Ескобар е одговорен за илјадинци одземени животи. Но и покрај тоа, Ескобар е и понатаму популарен, неговите постери и графити се видливи на секаде.
Тоа била брутална војна. Ниту една друга банда во светот никогаш отворено не и се спротивставила на државата. Нарко-картелот на Пабло Ескобар убил 540 полицајци, а ранил 800.
This guy killed 250 people by his own hand – Escobar’s hit man is telling his story after 23 years in prison pic.twitter.com/8Yg2Zr41c1
— IN THE NOW (@IntheNow_tweet) April 29, 2017
Ф.Г.