“Џез вечер со Клод Болинг” – Oдличните TOOT QUARTET со концерт во Прилеп

Џез вечер со Клод Болинг ќе се одржи на 16 април 2025/ среда/ од 19 часот во фоајето од ЦК „ Марко Цепенков“. Ќе настапи TOOT QUARTET, (Стојанче Косовски-труба, Емилија Кабранова Филипова-пијано, Зоран Павлоски-контрабас Филип Шурбевски-тапани).

Тоот свитата на Клод Болинг за трубач и џез пијано трио, напишана е специјално за францускиот виртуоз трубач Морис Андре кој премиерно ја извел во 1980 година и е важно дело во репертоарот за труба и е едно од најтешките, каде трубачот свири на 5 различни труби.

Toot quartet концертираат од 2020 година.

*********************************

Клод Болинг роден на 10 април 1930 година, е француски џез пијанист, композитор, аранжер и повремено извeдувач. Роден е во Кан, студирал на Конзерваториумот на Ница, а потоа во Париз. Детски генијалец, на 14 години професионално свири џез пијано. Тој има големи заслуги за  традиционалното заживување на џезот кон крајот на 1960-тите и се дружел со Оскар Петерсон.Пишува музика за 75 филмови, 44 музика за телевизиски серии,  музика за биг бенд, 11 композиции во кросовер стил за пијано, флејта, виолончело, труба, виолина, гитара, саксофон кои се микс од популарна, џез, класична музика. Болинг е исто така познат по серија соработки на „кросовер“ со класични музичари. Неговата свита за флејта и џез пијано трио со Жан-Пјер Рампал, мешавина од барокна елеганција со модерна нишка, е топ селер долги години, а потоа и другите дела во тој стил. Бил особено популарен во Соединетите држави, на врвот на хит-парадата две години по објавувањето и на најдобрите 40 на Билборд за 530 недели, приближно десет години. После неговата работа со Рампал, Болинг продолжи да работи со многу други музичари, од различни жанрови, меѓу кои и гитаристот Александре Лагоја, виолинистот Пинчас Зукерман, трубачот Морис Андре и виолончелистот Јо-Јо Ма. Тој исто така работел и имал почит на многу други, вклучувајќи ги и Лионел Хемптон, војводата Елингтон, виолинистот Стефан Грапели, Џанго Рајнхард и Оскар Петерсон.

****************************************************

Податоци за изведувачите:

Стојанче Косовски-труба. Од 2005 година е прв трубач на Македонската опера и балет каде работи до денес. Соработувал со Воениот оркестар на Р. Македонија, Македонската филхармонија, Градски дувачки оркестар на Скопје и Битола и Камернаta опера – Битола, настапувал со Младинскиот оркестар на Јапонија во Виена. Учесник на многу семинари и натпревари. Бројни настапи како солист, со оркестри и дел од камерни состави низ цела Mакедонија, Србија, Бугарија, Турција.

Емилија Кабранова Филипова-пијано.Активна на музичката сцена како солист, камерен музичар, пијано придружник. Дел од камерните состави “Ad libitum” trio сок ое издаваат ЦД, Pezzanov Piazzolla Project, Toot quartet. Настапува ширум Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, Албанија, Косово на бројни фестивали како:”Skopje summer”,Skopje street music festival”, “Chamber fest Durres”-Драч, Меѓународен фестивал за класична музика”Врњци”-Врњачка бања, “Balchik classic days”-Балчик, ”Festival Polyhimnia”итн.

Зоран Павлоски-контрабас.Контрабасист во оркестарот при Mакедонската опера и балет, активен на домашната и странската сцена преку 25 години, составен дел од многу џез, класични и етноворлд состави од земјава и странство. Партиципант е во повеќе од 30 цд и лп изданија. Свири на инструменти што ги изработува самостојно и многу светски контрабасисти свират на инструменти изработени на него. Тој е прв контрабас во еминентниот камерен оркестар ,,Скопски солисти“. Покрај тоа, свири и науникатен петжичен пиколо контрабас (chello-bass). Исто така, тој е и единствениот претставник од земјава во светски реномираното International Double bass society.

Филип Шурбевски, тапани. Вработен во оркестарот на Македонската опера и балет како прв тимпанист до денес, исто така хонорарно соработува и со националната филхармонија и дувачкиот оркестар на град Скопје, соработувал со камерниот состав Св. Софија, камерниот состав за современа музика, Битолската камерна опера. Филип Шурбевски го создава Езгија три специјализиран состав за чалгиска музика каде се редат бројни настапи во Македонија, Европа и Соединетите Американски Држави.Од основањето е прв тимпанист во оркестарот за филмска музика    F.A.M.E.S. –Скопје.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.