Фејсбук статус на Аднан Џафероски, кандидат за градоначалник на СДСМ за општина Долнени.
-Денеска, заедно со потпретседателот на СДСМ и Министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, ги посетивме жителите на Црнилиште, Лажани и Дебреште.
Времето на башибозукот на актуелната локална самоуправа завршува на 17 октомври. На граѓаните на Општина Долнени им е доста од нивните лаги, манипулации и негрижа.
Додека тие 4 години не мрднаа со прст да направат нешто за општината, јас се обврзувам од првиот ден да ги засукам ракавите и со поддршка од централната власт да почнеме чекор по чекор да ги решаваме проблемите на граѓаните.
Време е за нови улици, патишта, водоводи, канализации и речни корита – напиша Џафероски.